Марија Шерифовиќ победи на „Евросонг’“ во 2007 година со песната „Молитва“ во Хелсинки, Финска. По12 години пејачката раскажа за сè што се случувало зад сцената.
„Тешко е да се сетам како се чувствував тогаш, затоа што беше одамна. Имав само 22 години. Човек не може да биде свесен за сè во тој момент. Знам само дека имаше невидена толпа и дека околу 30 луѓе легнаа на мене, ме прегрнуваа и паѓаа во несвест. Најважно од сето ова е дека моите луѓе се чувствуваат горди и храбро се удираа во гради“ – вели Марија и призна дека дури и таа не била толку сигурна како тоа изгледало на телевизија.
Шерифовиќ открива дека таа мислела дека ќе падне на скалите, но призна дека не е тип кој сака да губи.
„Не бев рамнодушна во полуфиналето. Мислев дека ќе умрам таму на оние скали, од трема, страв и очекување. Мојот карактер е таков што не можам да дозволам да изгубам. Така навикнав или така ме воспитаа. Тоа беше многу тешко за мене. Сепак, кога влегов во финалето, навистина веќе не ми беше грижа, оти сè беше веќе во Божји раце тогаш. Бев свесна дека нема да отпеам полошо отколку во полуфиналето, па затоа бевме опуштени“, додаде пејачката.
Текстот Мислев ќе умрам, 30 луѓе легнаа врз мене – Марија Шерифовиќ раскажа за Евросонг е превземен од Reporter.mk.