Сопственикот на „ Авалон продукција“, Бобан Милошески, ги сподели емоциите, па раскажа дека на вчерашен ден бил роден неговиот брат Даниел, кој за жал ненадејно почина летото во 2014 година. Бобан и Даниел заедно ја започнаа целата „авалон“ приказна. Беа едни од најуспешните во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди.
„Нема ден , а да не ми е криво што не отидов заедно со него…бев некако сигурен дека заедно ќе завршиме во некоја Грделичка клисура на враќање од некој Били Ајдол во Београд во 5 сабајле. Ама живот..не пита“,е само дел од емотивната порка на Бобан. По смртта на Даниел, сепак, Бобан успеа да се соземе, и да ја продолжи панатаму нивната музчка приказна.
Текстот Мислев ќе завршиме заедно во некоја клисура, Бобан Авалон емотивен за починатиот брат е превземен од Reporter.mk.