Модни правила на кралицата кои Меган и Мидлтон мора да ги почитуваат

Поранешната актерка Меган Маркл (36) својот холивудски живот го заменила со строги кралски правила на однесување. Најмногу тоа се одразува на нејзиниот моден стил.

Војвотката од Сасекс повеќе не смее да носи рамни сандали без потпетици, затоа што кралицата Елизабета (92) не ги поднесува, пишува британски Сан.

„Елизбаета навистина мрази рамни сандали и тоа сите во семејството го знаат. Не се елегантни и се префинети“, изјавил извор близок до кралското семејство за порталот „Vanity Fair“. Сепак кога не е присутна кралицата, членовите на семејството можат да се одлучат за полежерна облека.

 

Меган неодамна на едно поло натпреварување, каде кралицата не била присутна, носела рамни сандали со потписот на Сара Флинт.

Тој модел на сандали за само неколку дена бил распродаден по цена од 185 фунти во британските продавници, затоа што сите сакале да носат чевли какви што носи војвотката.

Со тоа што не смее да носи рамни потпетици, Меган како и нејзината јатрва Кејт Мидлтон (36) никогаш не смеат да имаат лакирани нокти во боја. Единствено, безбојниот лак е дозволен. Дека Маркл сеуште учи да биде војвотка, се гледа од нејзиното последно појавување во Бакингемската палата. Меган се обидела да го задржи својот сопруг Хари за рака, нешто што на принцот му засметало. Тој веднаш се дистанцирал од неа.

„Кралицата и сопругот во јавност ретко се држат за рака. Тоа е непишано правило кое важи и за сите останати двојки во кралското семејство“, објаснува експертот за говор на тело.

Двојката пред венчавката, во јавноста до скоро, биле забележани прегрнати или држејќи се за рака. Но сега тоа не го дозволуваат кралските правила.