Викторија Бекам (45) иако има одлична врска со нејзините синови, 20-годишниот Бруклин, 14-годишниот Круз и осумгодишната Харпер, кои ги има од бракот со Дејвид Бекам, јавно кажала дека нејзините деца повеќе би сакале „да не постои“.
Викторија беше гостинка во шоуто на водителката и комичарка Елен Деџенерис, на Викторија и беа поставени неколку прашања, како и она “со што секојдневно ги посрамотува нејзините деца?“, на што Англичанката одговори со „Со своето постоење“. Понекогаш повеќето деца на таа возраст се срамат од некои од постапките на своите родители, раче Викторија.
За потсетување, иако тие честопати јавно искажуваат љубов еден кон друг преку социјалните мрежи, членовите на семејството Бекам не ги одминуваат контроверзиите, особено кога станува збор за воспитување на децата.
Освен тоа, Викторија честопати ја нарекуваат лоша мајка заради многу работи што и дозволува на својата осумгодишна ќерка, што не е соодветно за нејзината возраст, како на пример одење на разни модни настани за возрасни.
Пред неколку месеци, странските медиуми пишуваа и за лошата врска на Бруклин со родителите. Имено, на Викторија и Дејвид не им се допадна бурната љубовна врска на синот во тоа време, штонаводно ги нарушило нивните односи.
Текстот „Моите деца некогаш се срамат од мене“, открива Викторија Бекам е превземен од Reporter.mk.