„Молете се за Албанија“ – Рита Ора и Дуа Липа со поддршка за жртвите од земјотресот

Светските ѕвезди Дуа Липа и Рита Ора испратија пораки за поддршка на настраданите во земјотресите што деновиве ја погодија Албанија. „Молете се за Албанија“, порачаа тие. Двете пејачки, кои се по потекло од Косово, го објавија албанското знаме и пораки на солидарност кон жртвите.

„Ме трогнаа вестите од Албанија. Моето срце и молитви се кај Албанците. Ви ја праќам целата моја љубов во овие тешки моменти“, напиша Дуа.

„Моето срце е со сите погодени од земјотресот“, напиша Ора.

За потсетиување, во низата земјотреси што ја погодија Албанија, загинаа најмалку 30 лица, а повредени се преку 700 луѓе.

 

Текстот „Молете се за Албанија“ – Рита Ора и Дуа Липа со поддршка за жртвите од земјотресот е превземен од Reporter.mk.