Момчето кое ја прогонуваше Тејлор Свифт осуден на шест месеци затвор

Роџер Алваро, провалникот кој упаднал во домот на Тејлор Свифт е уапсен и осуден на шест месеци затвор. Дваесетгодишното момче вели дека бил опседнат со пејачката и дека бил нејзин голем фан.

Алваро бил уапсен веднаш откако комшиите на Тејлор го забележале на нејзиниот имот и го пријавиле во полиција. Службите го нашле Роџер во креветот на пејачката, во вилата која вреди повеќе од 18 милиони долари.

Полицијата потврдила дека тој бил пронајден како спие во нејзиниот кревет, а претпоставува дека го користел и нејзиниот туш. Алваро е со потекло од Флорида, а момчето ќе мора да се врати назад и да ја отслужи казната во својата родна држава. Потоа ќе мора да посетува и психијатар.

Покрај затворската казна и психијатриското лечење, Роџер пет години ќе служи условна казна.

 

 

 

Текстот Момчето кое ја прогонуваше Тејлор Свифт осуден на шест месеци затвор е превземен од Reporter.mk.