Српската пејачка Дара Бубамара од своето момче, Саша Пешиќ, добила „мерцедес сл 500“ за шест месеци врска. Колата чини скоро 150.000 евра. Саша е бизнисмен кој живее во Белгија и е 15 години помлад од пејачката, пишуваат српските медиуми. Според нив, тој е толку заљубен во Дара, што решил да ѝ купи скап автомобил иако се заедно многу кратко. Дара, пак, често изјавува дека обожава брзи коли.
„Откако ја почнаа врската, сфатија дека една од многуте работи што ги поврзува е и љубовта кон спортските и скапи автомобили. Како им се ближи шестиот месец од врската, Саша реши на Дара да ѝ купи автомобил кој е подобар од нејзиниот сегашен“, изјавил извор за весникот „Ало“.
Инаку, двојката досега заедно не се појавила во јавноста, но Дара неколкупати изјавила дека е среќна и заљубена.
Текстот Момчето на Дара Бубамара ѝ купи кола од 150.000 евра е превземен од Reporter.mk.