Момчето на Рада Манојловиќ и врши притисок да се преселат во Босна

Рада Манојловиќ одбива да се пресели со нејзиното момче Харис Берковиќ во Босна и Херцеговина, затоа што како што велат нејзините блиски пријатели, пејачката е премногу врзана за Белград.

Берковиќ веќе некое време и врши притисок на Манојловиќ да дојде во неговото родно место, каде сака да започнат да живеат заеднички живот.

„И двајцата многу се сакаат, иако некои луѓе во опкружувањето на сите начини се обидуваат да ги раздвојат. Вистина е дека имаат проблеми во врската, но генерално одлично функционираат кога се заедно. И едниот и другиот премногу работат, па работата понекогаш им претставува терет затоа што не можат да отпатуваат заедно. Двајцата имаат премногу однапред закажани тезги. Харис е среќен поради тоа и ја поддржува Рада во работата, но во последно време инсистира на тоа да се преселат во Босна, затоа што таму мисли дека ќе имаат повеќе мир“, вели близок извор до двојката.

„Подготвена сум на разни работи поради љубовта. Се би направила за Харис, но полека, засега уживаме, а ќе видиме што ќе биде понатаму“, изјавила пејачката.

 

 

 

Текстот Момчето на Рада Манојловиќ и врши притисок да се преселат во Босна е превземен од Reporter.mk.