Момчило Бајага работи од дома, „не седам со скрстени раце поради вирусот“

Српскиот пејач Момчило Бајага вели дека коронавирус нема да го спречи да продолжи со работата која ја сака и во која ужива. Тој вели дека не седи со скрстени раце по дома и дека додека е во изолација се има посветено на работата и компонирањето.

Иако бил принуден да ги откаже сите концерти поради коронавирусот, познатиот рокер продолжи да создава музика за филм, но и песни за својот нов албум. Пејачот сега е посветен на уште еден филм и мјузикл.

„Сега работам на филмот „Не е лошо да се биде човек“. Се надевам дека премиерата ќе биде на есен. Завршим со песните за филмот и ми остана да ја сработам инструменталната музика“, вели Бајага и додава дека филмот ќе биде интересен и необичен.

Неодамна во „Сава центар“ беше одржана премиерата на филмот „Хотел Белград“, за кој Бајага, заедно со Милош Биковиќ, ја сними песната „Дарја“. Песната стана за кратко време голем хит.

„Премиерата на филмот „Хотел Белград“ помина добро. Додека работев на „Дарја“, филмот веќе беше монтиран, а Биковиќ ме покани и побара да направам нешто за одјавната шпица. Инаку со Биковиќ не се знаеме долго време. Го запознав минатото лето“, изјавил Бајага за „Танјунг“.

Кариерата на Бајага е долга повеќе децении, во која има остварено голем број успеси. Автор е на хитови кои настанаа на крајот на седумдесетите години од минатиот век, а чија слава не стивнува ниту денес.

 

Текстот Момчило Бајага работи од дома, „не седам со скрстени раце поради вирусот“ е превземен од Reporter.mk.