Моника Белучи го откачи 18-години помладиот дечко

Италијанската глумица Моника Белучи веќе не е во врска со својот помлад дечко Никола Лефевр. Двојката раскинала по две години поминати заедно, пишуваат светските медиуми. Според 54-годишната глумица, таа и 36-годишниот уметник и понатаму ќе останат пријатели.

„Овој човек ме научи многу, но сега нашиот лет ќе продолжи на друга висина. Ние едноставно остануваме пријатели за цел живот“, рекла Белучи.

Двојката последен пат се појави заедно во јавноста на крајот на мај, на Канскиот филмски фестивал.

Текстот Моника Белучи го откачи 18-години помладиот дечко е превземен од Reporter.mk.