Моника Белучи и Џенифер Лопез во ист фустан

Моника Белучи и Џенифер Лопез избраа ист фустан со шлиц од Александар Воте, но во различни бои и за различни прилики.

Џенифер Лопез ја носеше светкавата креација за снимањето на новите изданија од шоуто „World of Dance“. Својот моден избор, 49-годишната пејачка и актерка го надополни со салонки од Кристијан Лобутин.

Белучи избра црвена верзија од фустанот за церемонијата за доделување на наградите Лимиер во Париз. Долгиот фустан 54-годишната актерка го искомбинира со чантичка со потпис на Кристијан Лобутин, додека накитот доаѓа од врвниот бренд Картие.

 

Текстот Моника Белучи и Џенифер Лопез во ист фустан е превземен од Reporter.mk.