Моника Белучи не сака брак со нејзиното момче Николас Лефебр

Италијанската актерка Моника Белучи на прашањето на новинарите за брак изјавила дека не размислува повторно да се венча. По двата неуспешни брака, италијанската дива вели дека не сака повторно да влезе во нова слична авантура. Во моментов е среќна со 18 години помладото момче, францускиот уметник Николас Лефебр.

„Во моментов убаво ми е со Николас. Среќна сум со него и сакам ваквата врска да трае. Не планирам брак“, изјавила Белучи.

Светските медиуми пренесуваат дека двајцата секогаш предизвикуваат метеж каде и да се појават. Викендов биле снимени на романтичен одмор во Венеција. Италијанската дива била една од гостите на венецискиот ѕвезден бал. Претходно во март биле дел од модната недела во Париз, во рамки на големата ревија на „Шанел“.

 

View this post on Instagram

 

#Repost @sophiedechampsavin ・・・ #monicabellucci #venezia #dior #palazzolabia #nicolaslefebvre

A post shared by Monica Bellucci (@monicabelluccicollection) on

Белучи од 2013 година се разведе од францускиот актер Винсент Касел, со кого беше 14 години во брак. Со Касел таа ги има двете ќерки, 14-годишната Дева и осумгодишната Леони. Пред бракот со актерот, Бонучи била во брак со модниот фотограф Клаудио Карлос.

Винсент Касел пред еден месец повторно стана татко. Тој доби ќерка со 30 години помладата сопруга, францускиот модел Тина Кунаки.

 

 

Текстот Моника Белучи не сака брак со нејзиното момче Николас Лефебр е превземен од Reporter.mk.