И по 20 години од секс аферата на Моника Левински и поранешниот преседател Бил Клинтон, јавноста се уште ја интересира нивната врска. Неодмана, Левински го прекина интервјутона телевизија во Израел откако водителката поставила и поставила прашање за Клинтон. Таа и по две децении откако излезе во јавност една од најголемите секс афери во историјата на сака да зборува за Клинтон.
Левински гостуваше во емисијата во живо, а водителката ја запраша дали очекува Бил Клинтон лично да ѝ се извини. “Извинете, не можам јас да го правам ова”, рекла Левински и го напушти студиото.
.@MonicaLewinsky walking out abruptly on @LeviYonit (chief anchor at @NewsChannelIL ) few seconds into her on stage live Interview after being asked: do you still expect a personal apology from Pres. Clinton. “Sorry, i cant do this”. pic.twitter.com/ZN3BiGViwF
— Tal Schneider טל שניידר تال شنايدر (@talschneider) September 3, 2018
Бил Клинтон неодамна изјави дека не ѝ должи никакво извинување на Моника, а изгледа дека нивната афера и после 20 години не престанува да ја интересира јавноста. Да се потсетиме во 1998 година се дозна дека американскиот претседател Бил Клинтон беше во интимна врска со тогаш 22 годишната секретарка Моника Левински. Левински јавно им се извини на сите членови на семејството Клинтон, а аферата ја обележа за цел живот.
Денес Левински е активистка која се занимава со проблемот за злоставување по пат на Интернет.
Текстот Моника Левински стана од интервју откако ја прашаа за сексот со Клнтон е превземен од Reporter.mk.