“Ја сакам оваа девојка”, напиша Кортни Кокс под нејзиното прво видео на Инстаграм. Актерката се сними со својата колешка од “Пријателите” Лиза Кудроу.
По многу години одбивање да користи социјални мрежи, бидејќи таа претпочита да комуницира со роднините и пријателите во реалниот свет, Кокс конечно одлучи да направи профил на Инстаграм. Тоа беше во живо на телевизија кога беше на емисија во шоуто на Елен Деџенерис.
Елен, исто така, покани една од најдобрите пријателки на Кортни, Лиза Кудроу. И двете ѝ помогнаа на актерката да остане во чекор со платформата и да ја постави својата прва слика.
“Здраво Инстаграм. Јас сум тука, иако со малку помош од моите пријатели “, вели таа за фотографијата на која е со Елен и Фиби.
Трите седнаа на троседот во Централ Парк Кафе, каде што пријатели те некогаш го поминуваа времето.
Кортни Кокс во моментов е ангажирана во нов телевизиски проект наречен “Девет месеци”. Таа има за цел да ги прикаже тешкотиите со кои се соочуваат неколку бремени жени и нивните мажи. Во врска со ова, таа рече дека социјалните мрежи ќе и ‘помогнат да ја промовира нејзината работа.
Текстот Моника од Пријатели, конечно има Инстаграм е превземен од Reporter.mk.