Канадската актерка и модел Стефани Шерк се самоуби на 43-годишна возраст . Таа извршила самоубиство така што врзала тегови за нејзините нозе, а потоа скокнала во базенот на семејната куќа.
Нејзиниот сопруг, мексиканскиот актер, 55-годишниот Демијан Бичир, кој беше номиниран за Оскар, ја објавил тажната вест на Инстаграм.
„Ова е најтажниот период во нашите животи и не знаеме колку време ќе ни треба да ја победиме болката. Се надеваме дека мојата убава Стефани, мојот талентиран ангел, ќе почива мирно“, напишал нејзиниот сопруг Демијан.
Демијан напишал и дека неговата сорпуга „починала во мир“. Јавноста не била упатена во состојбата на познатата актерка, дури ниту нејзините блиски пријателки како актеркат Дијана Кругер.
„Ох, Демијан, толку ми е жал. Немав поим. Ти праќам многу љубов во овој тежок момент“, напишала Дијана.
Двојката беше во врска од 2011 година, се венча три години подоцна и немаше деца, а не е познато што Стефани ја навело на овој трагичен чекор.
Текстот Морничаво самоубиство на актерката Стефани Шерк е превземен од Reporter.mk.