Здравко Чолиќ (67) сними спот за песната „Тебе ќе те чувам за крај“ во Лисабон. Пејачот се проба и како фотограф. Пејачот шета по романтичните улици на Лисабон и создаде колаж од разновидни фотографии. На конечниот мозаик се појавува ликот на една жена, неговата сопруга Александра Чолиќ.
Лани, босансаката пророчница Азира Муратовиќ, на Чолиќ му прогнозираше развод. Пророчницата предвидела дека ќе 16 годишниот брак на Здравко Чолиќ ќе заврши. Здравко со Александра ги имаат ќерките Уна и Лара.
„Ќе доживее неколку драматични промени и тоа му е запишано во судбината. Тие промени ќе бидат нагли и неочекувани“, изјави Азира.
Таа додала дека Чола е непредвидлив, независен и тврдоглав и ека никој не може да влијае додека самите не сватат дека нешто треба да промени.
„Засега е мирен и сигурен во бракот и тоа му дава сила, се додека не се случи ова судбинското. Тоа ќе го заниша“, рекла пророчницата.
Текстот Му прогнозираа развод, а тој сопругата ја стави во спот е превземен од Reporter.mk.