Холивудскиот глумец Хју Џекман се пофали дека му се исполнил сонот од детството да влезе во Гинисова книга на рекорди. Тој и Патрик Стјуарт, неговиот колега од филмскиот серијал „Икс-Мен“, се вклучени во Гинис за најдолга кариера како ликови на „Марвел“.
„Здраво драг Хју! Тукушто дознав дека јас и ти сме примени во Гинисова книга на рекорди. Честитам, пријателе! Тоа е уште една работа што можеш да ја закачиш на ѕид“, рекол Стјуарт во видеопораката што му ја испратил на Џекман.
Џекман како Вулверин и Стјуарт како професор Чарлс Ксавиер првпат глумеа во „Икс-Мен“ во 2000 година, а последен пат ги репризираа истите улоги во филмот „Логан“ пред две години. Ова значи дека истите улоги ги играа вкупно 16 години и 228 дена. Двајцата по снимањето на „Логан“ рекоа дека веќе нема да ги играат овие улоги.
„Кога бев мал, Гинисова книга на рекорди беше мој сон. Со брат ми имавме разни идеи како да го оствариме тоа, на пример, да играме бадмингтон непрекинато 48 часа. Ете, успеав. Токму заради ова влегов во шоубизнисот“, рекол Хју кога ја примил плакетата во едно британско ТВ-шоу.
Текстот Му се исполни детскиот сон на Хју Џекман, глумецот влезе во Гинис е превземен од Reporter.mk.