Пратеникот Мухамед Зекири вчера се венчаше со Бисера Јордановска, поранешна директорка на телевизија Алсат М. Венчавката и свадбата биле во хотелот Double Tree by Hilton. Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава биле блиските пријатели на Зекири и Јордановска, но и многу нивни поранешни колеги новинари. Тие пред да се решат за брак беа долго време во љубовна врска.
Мухамед Зекири во моментов е потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието. Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, како и новинар во неколку други медиуми во земјава. Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија.
Текстот Мухамед Зекири ја ожени Бисера, Заев беше кум е превземен од Reporter.mk.