Фолк-пејачката Јасмина Мукаетова следниот месец ќе ја прослави 10-годишнината од брак. Таа одамна живее во Њу Џерси, Америка, ама за годишнината ќе дојде во родното Кавадарци, за да го прослави јубилејот со семејството и со пријателите.
И Јасмина и нејзиниот сопруг Трајче потекнуваат од Кавадарци. Тие се запознале во Америка, кога Јасмина била на турнеја, а Трајче веќе живеел таму. По неколкумесечна врска се венчале во Лас Вегас. Имаат две деца, синовите Дине и Зуко.
Текстот Мукаетова ќе се врати во Кавадарци да прослави 10 години брак е превземен од Reporter.mk.