Турскиот писател Мустафа Садал ѝ се заканил на неговата поранешна сопруга, српската пејачка Емина Јаховиќ, дека ќе ѝ ги земе децата ако продолжи да ги носи кај турскиот милијадер Садетин Саран, пишуваат српските медиуми.
Мустафа не сакал неговите синови времето да го минуваат со Саран. Љубомората ги преминала границите, па Емина изјавила дека била решена да повика полиција, кога Мустафа одбил да ѝ ги врати децата.
Љубомората кај Мустафа ги надминала границите, кога откако Јамаз и Јавуз му раскажале колку уживаат во друштвото на нивниот нов татко. Емина и Саран се заедно веќе пет месеци, а нивната врска решиле да ја кријат поради заканите кои доаѓале од Мустафа.
„Емина и Садетин за кратко време ја прекинале романсата, но брзо се смириле и сфатиле дека не можат еден без друг. Еднаш се изгореа кога признаа дека се заедно. Сега одлучија да молчат колку е можно подолго. Најмногу молчеа поради Мустафа. Тој се закани дека ќе ѝ ги земе децата поради Саран“, вели извор близок до пејачката.
Пријателот објаснува дека турскиот писател пред месец дена направил скандал кога ја забележал Емина како ги шета децата во друштво на Садетин.
Мустафа на почетокот не сакал премногу да ја коментира врската со Емина и милионерот, но проблемите настанале кога Јавуз и Јаман не престанувале да зборат за него. Медиумите пишуваат дека Мустафа не сакал да ѝ ги врати децата на Емина, а пејачката сакала случајот да го пријави во полиција, објаснува изворот.
„Мустафа се согласил да ѝ ги врати децата, но под услов да не се гледаат премногу често со Саран. Откако избил скандалот Емина ја откри врската со милијардерот. Пејачката пред неколку месеци се пресели во Турција, за да биде поблиску до Саран, а во јавноста се оправда дека тоа го прави поради Мустафа и децата“, открива изворот.
Текстот Мустафа ѝ се заканил на Емина дека ќе ги земе децата е превземен од Reporter.mk.