Најголемите македонски фанови на серијата „Игра на тронови“ од фејсбук-групата Westerossi дадоа предлози за тоа кои наши познати личности наликуваат на актерите од хит-серијата. На листата повторно има актери, музичари и политичари.
Нед Старк беше еден од омилените ликови во првата сезона на серијата, а според македонските фанови, во таа улога најдобро ќе се снајде Никола Ристановски.
Боки Јовановски, за фановите, е единствениот што би можел да ја глуми Бриен од Тарт.
Жаре Бербер би можел да го замени Брон, па дури и да добие замок.
Новинарката Мирка Велиновска може да го глуми ликот на вештерката Мири Маз Дур, која ѝ претскажа на Денерис дека нема да може да има деца.
Со вистинска шминка и побелена коса, Иван Исцелител би можел да го глуми Високиот свештеник.
Улогите на Најт Кинг и Вајт Вокерс фановите им ги доделија на актерите од македонските народни приказни: Лазар Бараков, Гоце Тодоровски и Кире Печијаревски.
Во армијата на Ноќниот крал може да маршира и Паско Кузман.
Само Јовица Михајловски може да го глуми ликот на лорд Варис.
И за Кили има улога во „Игра на тронови“ – тој може да го глуми Орел, еден од извидниците на Вајлдлингс.
Редакција Репортер
Фото: Инстаграм/Фејсбук
Викторија е Денерис, Четкар – Џон Сноу: Познатите како ликови во хит-серијата „Игра на тронови“
Текстот Музичари и политичари главни ликови во „Игра на тронови“ е превземен од Reporter.mk.