Српскиот виртуоз на виолина – Стефан Миленковиќ вчера ги изрдаува лицата со попреченост, оти дојде да ги види во ресторанот „Амбрела“ во ГТЦ. Тој се фотографираше со персоналот, односно во ова кафуле, дел од персоналот кој работи и ги служи гостите се лица со попреченост. И откако е отворено кафулето, па се до денес, се повеќе гости и познати личности доаѓаат на музика и дружба. Миленковиќ ги посети ден пред неговиот концерт, а посетаата е во рамките на кревањето на свеста на јавноста за лицата со попреченост и нивното вклучување во секојдневните аспекти од животот. Покрај Стефан, вчера попладне се одржа и поетска вечер со Ана Бунтеска.
Текстот Музика на виолина за лицата со попреченост, виртуозот Стефан Миленковиќ им дојде во „Амбрела“ е превземен од Reporter.mk.