Властите во Детроит истражуваат дали некој ја измамил пејачката Арета Френклин, уновчувајќи чек на 178.000 долари пред да почине во август минатата година.
Главниот помошник на обвинителот во округот Окланд, Пол Волтон, вели дека Френклин во јуни поднела жалба до полицијата во Блумфилд Тауншип по повод исчезнувањето на чекот. Умрела неколку недели подоцна од рак на панкреасот на 76 години.
Волтон изјавил дека смртта на Френклин влијаела на истрагата.
Текстот На Арета Френклин ѝ украле 178.000 долари на смртна постела е превземен од Reporter.mk.