На аукцијата во лондонската куќа The Prop Store, која ќе се одржи од 30 септемви до 1 октомври, ќе се продадат предмети кои ги носеле холивудските актери од познати филмови како што се „Војна на Ѕвездите“, „Гладијатор“, „Бетмен“ и други.
На аукцијата ќе биде продадени околу 900 предмети, а најмногу внимание се очекува да привлече светлосниот меч кој Самуел Л. Џексон го користел во „Војна на ѕвездите: Одмазда на тишината“, пишува „Гардијан“. Цената на светлосниот меч би можела да стигне и над 100.000 фунти.
Меѓу предметите на распродажба ќе се најдат и секирата која Џек Никлсон ја имаше во хорор-филмот „Сјаење“, потоа оклопот на актерот Расел Кроу, кој го носеше во улогата на филмот „Гладијатор“, за кој доби и Оскар.
Специјалната кацига Stormtrooper, од „Војна на Ѕвездите: Нова надеж“ од 1977 година, е еден од најбараните предмети чија вредност се проценува меѓу 120.000 фунти и 180.000 фунти.
На аукцијата се очекува да се продаде оклопот на „Бетмен“, кој Мајкл Китон го носеше во филмот од 1989 година. Оклопот се очекува да се продаде за 80.000 фунти. Еден од најмалите скапи предмети е златната карта на Вили Вонка, од филмот „Чарли и фабриката за чоколада“. Златната карта е проценета на 300 фунти.
Патиките „Најки“ кој Том Хенкс ги носеше во филмот „Форест Гамп“, се проценуваат меѓу 8000 фунти и 10.000 фунти. На аукцијата ќе се најде и оделото кое го носеше Хали Бери во филмот „Икс-Мен“ во кој ја глумеше „Сторм“.
Од прдадените предмети на аукцијата, организаторите очекуваат да соберат повеќе од шест милиони фунти.
Текстот На аукција ќе се продава кацигата и светлосниот меч од „Војна на ѕвездите“ е превземен од Reporter.mk.