На Беквалац ѝ се слоши на настап во Црна Гора

Српската пејачка Наташа Беквалац го откажа настапот во Црна Гора, откако на пејачката нагло и се слошило. На Беквалац веднаш и била укажана лекарска помош.

Српските медиуми пренесуваат дека на пејачката наеднаш и се слошило за време на нејзиниот последн настап во рамки на турнејата низ црногорското крајбрежје. Беквалац заврши во болница, а неколку часа по примањето на инфузијата, лекарите постојано ја надгледувале и добила совет да води грижа за себе и нејзиното здравје.

Од нејзиниот пијар тим ги потврдија информациите за влошената состојба на Беквалац. Пејачката откако излегла од болницата се вратила во Нови Сад. Сега се чувствува добро и подготвена е да се врати во Црна Гора, каде треба да продолжи со настапите.

 

Текстот На Беквалац ѝ се слоши на настап во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.