Актерот Бен Афлек во американското шоу „Today“ јавно признал дека му недостасува неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Афлек и Гарнер официјално се разведоа минатата година по 10 години брак.
„Се разбира дека ја сакам. Таа е прекрасна. Некој кој е мајка на твоите деца секогаш ќе биде најважната и централна личност во твојот живот“, изјавил Афлек.
Афлек и Гарнер неодамна биле снимени од папараците на заедничка прошетка. Двајцата разговарале и се смееле оставајќи ги проблемите во минатото. Американските таблоиди пишуваат дека изгледале како нормален брачн пар и во целост ги извршувале должностите околу своите три деца.
Двојката официјално се разведе минатата година, но веста дека се разведуваат ја објавија уште во 2015 година. Наводно разделбата се случила поради неверството на Бен со семејната дадилка и неговиот проблем со алкохолот.
Текстот На Бен Афлек му недостига поранешната сопруга Џенифер Гарнер е превземен од Reporter.mk.