Пејачката Емина Јаховиќ во медиумите изјави дека не ѝ е проблем големата разлика во години што ја има со нејзиното ново момче, турскиот милијардер Садетин Саран.
Емина не крие дека ужива во љубовта со 18 години постариот Садетин. Таа во изјава за медиумите на прашањето за годините го спомена и нејзиното поранешно момче Мустафа Сандал.
„Мустафа беше псотар 12 години од мене. Секогаш бев и сум зрела за моите години. Таа разлика не ја гледам како клучна во врската“, вели Емина.
Последен пат Емина и Садетин беа забележани во кино. Двојката, како што пишуваат медиумите, си поминала убава вечер гледајќи го филмот Bohemian Rhapsody, приказната за Фреди Меркјур. Потоа заминале на вечера.
Двајцата пред да ја обелоденат врската во повеќе наврати биле забележани на неколку приеми и јавни настани во турскиот џет-сет, а интересно е дека Емина претходно имала и пријателски однос со поранешната сопруга на Саран.
Голем број турски медиуми пишуваат дека Емина и Садетин се одлучиле јавно да ја обелоденат врската откако доскорешниот сопруг на пејачката, Мустафа, објавил дека е среќен во новата врска со турската пејачка Симга Сагин.
Текстот На Емина не ѝ пречи разликата во години со Саран е превземен од Reporter.mk.