Актерот Хју Џекмен вели дека е во среќен брак со неговата 13 години постара сопруга Дебора. Двајцата се во брак 23 години. На почетокот на нивната врска никој не им давал многу шанси за успех. Дебора е постара од Хју повеќе од една деценија, а многумина велат дека таа не е класична холивудска убавица.
Оговарањата оделе дотаму што Дебора ја нарекле и „најгрдата среќница на светот“. Таа успеала да го заведе и задржи еден од најпосакуваните мажи на светот. Згодниот, славен, богат и шармантен Џекман. Долг период работеле на потомството, а по низата безуспешни обиди, на крајот посвоиле две деца, синот Оскар и ќерката Ава.
Актерот секогаш велел дека уште кога ја видел прват Дебора, знаел дека таа е вистинската за него.
„Не можам да опишам што почувствував кога ја сретнав за првпат. Но, бев свесен за нејзините години. Никогаш во жовотот не сум бил толку сигурен. Со стопроцентна сигурност можам да кажам дека таа беше жената со која сакав да го поминам остатокот од мојот живот. Што и да се случи, знам дека ќе бидеме заедно. Таа е најдобрата жена која некогаш сум ја запознал“, вели Џекман во едно од своите интервјуа.
Актерот вели дека секаде ја носи својата сопруга Дебора и дека двајцата се среќни и насмеани и чувствуваат како вчера да ја започнале врската. Двајцата долго време работеле на потомството, а по низата на безуспешни обиди, на крајот посвоиле две деца, синот Оскар и ќерката Ава.
Текстот На Хју Џекмен не му пречи разликата во години со сопругата е превземен од Reporter.mk.