Концертот на Дуке Бојаџиев, кој пред два дена го одржа во рамки на Охридско лето, го посвети на Охридското езеро. Тој ја повика публиката од сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата.
Запалените свеќи гореа додека Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот.
„Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” – рече тој.
На концерт заедно со Дуке Бојаџиев настапија и неговите долгогодишни соработници и чести гости на концертите, Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Костас Анастасиадис на тапани, како и актерката Наташа Петровиќ, вокал и нарација. Настап имаа и Каролина Гочева, Бранко Николов од Фолтин и гитаристот Георги Шарески.
Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид. За потсетување на Охрид и крајбрежјето им се заканува опасност од губење на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО.
Текстот На концертот на Дуке гореа илјада свеќи за спас на Охрид е превземен од Reporter.mk.