Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за време на посетата на Даблин признала дека ѝ недостига улогата на Рејчел Зејн во популарната серија Suits. Ова го открила Фиона Мур, девојка која разговарала со Маркл за време на првата официјална посета на Меган и Хари на Ирска, пишува „Дејли мејл“.
“Ѝ реков дека сум голем фан на серијата и дека многу ми недостига Suits, на што таа одговори ‘и мене исто’”, рекла Мур.
Уште пред да се омажи за принцот Хари, Меган се откажа од глумата. Таа заради кралските правила ги деактивираше сите свои профили на социјалните мрежи, ама и својот блог во кој пишуваше за бројните патувања низ светот.