На Меган ѝ понудиле милиони долари од секунда за да се врати во „Сутс“

На Меган Маркл ѝ биле понудени милион долари од секунда, за повторно се врати на снимањето на „Сутс“, пишува „Мирор“. Според британскиот медиум, од германската козметичка компанија Biotulin и понудиле на војвотката милион долари од една секунда снимање со нивниот производ.

Меган која е корисник на нивните производи, досега неколкупати ги има јавно пофалено. Додека се снимаше серијата, продуцентот Арон Кориш јавно изјави дека не сака да ја притиска Меган и дека ќе ја почитува нејзината желба да започне нов живот со кралското семејство.

За потсетување, кратко откако се вратија од Канада, по празниците, Меган и Хари објавија дека се повлекуваат од кралските должности. И покрај негодувањето на кралицата, Хари и Меган не ја послушаа да останат во Британија.

Британските медиуми неодамна пренесоа дека кај Меган сега повторно се појавила желба да добие улога, но во некој од филмовите на „Марвел“.

„Таа сака да се врати на глумата во улога на суперхерој“, открива извор близок на агентот на Меган за британскиот таблоид „Дејли мејл“.

„Меган бара филм соодветен за неа. Достапна е и отворена за најдобрите понуди. Организираше серија состаноци во Холивуд. Веќе направи договор со „Дизни“, а сега веќе договара состаноци со Марвел“, открива изворот.

 

Текстот На Меган ѝ понудиле милиони долари од секунда за да се врати во „Сутс“ е превземен од Reporter.mk.