На милионерот Ротшилд му се заканува затворска казна

Судот му наредил на милионерот Ричард Ротшилд да се исели од станот во кој во моментов живее со девојка му, затоа што во спротивно би можел да заврши во затвор.

Ричард води судски спор со неговата поранешна сопруга Шери Мишел, некогашната зајчица на „Плејбој“ со која се венчаше во 2005 година. По 21 година брак, милионерот ја оставил за помлад модел.

Ричард тврдел дека станот во Мајами Бич на Флорида, во вредност од 1.750.000 евра е во негова сопственост, но и покрај тоа судот му наредил дека имотот мора да се подели и доколку не се иселел во рок од една недела, ќе мора да отслужи затворска казна од 28 дена.

Адвокатот на Шери пред судот се произнел дека и покрај тоа што Ричард дал ветување дека ќе се исели, тој продолжил да живее со новата девојка. Било побарано да биде казнет со затвор за измама на судот.

Ротшилд признал дека го прекршил ветувањето што го дал на суд, но рече дека „го испразнил станот” и дека се вратил во него поради „непредвидени околности”.

Судијата сега му дал рок од една недела за иселување, затоа што во спротивно ќе заврши во затвор.

Ротшилд не е поврзан со познатото банкарско семејство Ротшилд.

Текстот На милионерот Ротшилд му се заканува затворска казна е превземен од Reporter.mk.