Кристина Кија Коцкар има тумор на дојката. Победничката на „Задруга“ во текот на изминатите месеци во повеќе наврати имала направено лекарски прегледи и анализи за да се утврди дали е во прашање тумор, а потоа и кој облик го има.
Како што вели анонимен извор за српските медиуми, во прашање е бенигнен облик.
„Кристина на преглед пристигна самоиницијативно, затоа што самата го приметила. Неколку недели била посветена на прегледи и анализи. Станува збор за бенигнен тумор. Тоа е причината поради која Кија со денови наназад се наоѓа на Институтот за онкологија и радиологија во Белград“, вели изворот.
Тој тумор мора веднаш да биде опериран, а за кога е закажана операцијата навистина не знам“, открива соговорникот.
За оваа вест знаеа само нејзините блиски, а иако таа доста добро се држи и не се откажува од обврските кои ги има, таа не се чувствува најдобро.
„Таа се држи, постојано е насмеана, настапува, се снима, се фотографира, но на тој начин само се обидува да ги тргне мислите од се што преживува. Се на се, не сака сожалување. Само сака да биде подобро“, вели изворот.
Текстот На пејачката Кија и е откриен тумор на дојката е превземен од Reporter.mk.