Некои од познатите светски холивудски актерки, како што се Кејт Винслет, Сара Џесика Паркер, Мерил Стрип и други, повеќе пати биле одбиени на кастинзите на почетоците на нивните кариери.
Тогаш, според оценките на филмаџиите, тие не биле доволно убави. Сепак среќата им се насмевнала, па по неколку промашувања и разочарувања, овие жени денеска владеат со Холивуд, остварувајќи се во улоги за кои подоцна се зборувало со години.
Кејт Винслет
Британката Кејт Винслет постгинала огромен успех во бројни нејзини улоги, меѓу кои се истакнува и онаа во легендарниот Титаник. Но, Винслет морала добро да се потруди за да успее на местото каде што е сега, затоа што во адолесцентскиот период ја одбивале многу пати затоа што била многу дебела.
Сара Џесика Паркер
Сара која остана запаметена по улогата во „Сексот и градот“, како колумнистката Кери Бредшо, се нашла на бројни критики во врска со физичкиот изглед. Во магазинот „Максим“ во 2008 година беше прогласена за жена која е најмалку секси на светот.
Мерил Стрип
Актерката со најголем број номинации за Оскар, многупати била одбиена поради нејзиниот физички изглед. Интересна ситуација се случила за време на кастингот за филмот „Кинг Конг“, кога подуцентот на италијански го прашал еден од асистентите зошто му донел грда девојка, притоа не знаејќи дека Мерил говори италијански јазик.
„Жал ми е што не бев доволно убава за да глумам во „Кинг Конг“, му одговорила Керил на продуцентот.
Лија Мишел
Ѕвездата од серијата „Гли“, во едно од своите интерјвуа во 2011 година, открила дека на почетокот имала потешкотии да добие улога поради нејзиниот нос.
„Кога имав 15 години, мојата мајка и јас отидовме кај еден менаџер, кој ми рече дека морам да го оперирам носот за да ја добијам улогата“, признала Лија.
Кет Денингс
Мекс од „Две девојки без пари“, е позната по своите заносни облини и атрактивен изглед. Сепак, на почетокот на кариерата многу продуценти ја советувале да ги среди забите, да ја офарба косата ѝ да ослабе за да може да успее во Холивуд.
Риз Витерспун
Една од најпознатите актерки исто така на почетокот на кариерата за време на своите први кастинзи се борела со отфрлањето на продуцентите. Во интервју за Daily Mail, Риз им упатила совет на сите кои сакаат да се занимаваат со глума.
„Мораш да бидеш концентриран и силен, затоа што само таква силна личност може да се избори со одбивањето. Кога прв пат отидов на кастинг, слушав како ми говорат дека не сум висока, дека не сум убава ѝ дека не сум интелегентна“, изјавила Риз.
Текстот На почеток не биле убави за Холивуд, а денес се најбарани актерки е превземен од Reporter.mk.