Француски суд повтороно ја отвори истрагата против режисерот Лук Бесон, кој е обвинет за силување. Белгиско-холандската актерка Санд Ван Рој во мај 2018 година подигна обвинение против режисерот, велејќи дека ја силувал во еден париски хотел. Бесон не беше испрашуван со месеци по подигнување на обвинението. Откако тој сведочеше во октомври и декември 2018 година, судот го отфрли случајот поради недостиг на докази.
Но сега судот нареди да се спроведе нова истрага, откако Ван Рој подигна ново обвинение. Нејзиниот адвокат ги откри информациите за новиот судски процес против Бесон во изјава за медиумите и на „Твитер“.
Адвокатот на Бесон, пак, ги отфрли новите обвиненија како неосновани и изјави дека очекуваат повторно да се докаже неговата невиност. Сепак по подигнувањето на случајот против Бесон пред една година, уште осум жени тврдеа дека биле сексуално нападнати од режисерот во изминатите години.
Бесон во моментов е актуелен со филмот „Ана“, а негов најпознат филм е „Петтиот елемент“.
Текстот На режисерот Лук Бесон повторно ќе му се суди за силување е превземен од Reporter.mk.