На 7 јуни, денот кога е роден Принс, во продажба ќе се појави неговиот постхумен албум, „Оригинали“. Албиумот со 15 песни вклучува негови верзии на песните што тој ги напишал за други музичари, меѓу кои и Шинид О’Конор, „Бенглс“, Кени Роџерс и други. Некои од песните Принс ги објавил под псевдоним.
Албумот ќе биде објавен на денот кога Принс ќе полнеше 61 година. Светски-познатиот пејач почина на 21 април 2016 година, откако случајно се предозира со фентанил.
Во изборот на песните за албумот учествувал и Џеј-Зи, преку чија стриминг платформа „Тајдл“ прво ќе биде издаден албумот. Помош имал од Трој Картер, кој управува со наследството на покојниот пејач. Четиринаесет од петнаесетте демо снимки досега не се објавени.
Текстот На роденденот на Принц ќе излезе негов постхумен албум е превземен од Reporter.mk.