Британскиот глумец Николас Линдхерст, кој се прослави со улогата на Родни Тротер во хумористичната серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses), вели дека му е преку глава од серијата и дека веќе никогаш не сака да погледне ниту една сцена од неа.
Тој во едно интервју откри дека не сака да се гледа себеси на телевизија, а најмалку додека одат репризите на „Сплетки“.
„Толку глумци од серијата нè напуштија што веќе не сакам да ја гледам. Не сакам да ги гледам пријателите што ги изгубив, луѓето на кои им правевме журки-изненадување за родендените, луѓето со коишто се шегував. Тие ми беа семејство, а без нив е тешко“, рекол тој.
Глумецот додал и дека нема да се снима продолжение на серијата, дури ни со нови глумци, оти таа никогаш не може да биде иста како пред триесетина години.
Текстот На Родни Тротер му е преку глава од сплетки е превземен од Reporter.mk.