Глумицата Ким Катрал одбила да игра во третото продолжување на филмот „Сексот и градот“ оти не ѝ се допаднало сценариото. Саманта во третото продолжение требала да го заведе 14-годишниот син на Миранда и Стив, Бредли, нешто што глумицата сметала дека е непримерно. Таа, наводно, требала да го фати Бредли додека мастурбира, пишуваат сега американските медиуми. Со ова Катрал негира дека ја одбила улогата поради кавгите со Сара Џесика Паркер.
Претходно, Крис Нот, кој го глуми сопругот на Кери, Ѕверката, откри дека неговиот лик требал да умре на почетокот на третиот дел.
Текстот На Саманта ѝ го местеле малолетниот син на Миранда, па му се налути на „Сексот и градот“ е превземен од Reporter.mk.