Алекс Охенијан, сопругот на Серена Вилијамс, ја одвел познатата тенисерка на вечера во Италија, оти му рекла дека ѝ се јадат шпагети. „Наместо како секој нормален пар да порача италијанска храна или да и зготви нешто, тој со приватен авион ја одведе во Венеција“, пишуваат американските медиуми.
Алексис објави неколку слики од патувањето, а на една од нив напиша „Посака италијанска храна за вечера, па…“. По ова неговите следбеници на Инстаграм го нарекоа „најромантичниот сопруг на светот“.
Ко-основачот на „Редит“ закупил вила покрај Венеција на една недела, па тој, Серена и нивната ќерка Олимпија останале на краток одмор во Европа.
Текстот На Серена ѝ се јаделе шпагети, сопругот ја одвел на вечера во Италија е превземен од Reporter.mk.