Компанијата за долна облека „Викторијас сикрет“ го претстави градникот од фантазиите (Fantasy Bra) кој чини 1 милион долари и откри дека Елса Хоск е ангелот што ќе го носи на модното шоу што ќе се одржи следниот месец. Овој 71-каратен градник има 2.100 сваровски-дијаманти и за да се изработи биле потребни преку 930 часа.
Првите слики од најскапиот градник оваа сезона беа објавени на инстаграм-профилот на „Викторијас сикрет“, а и Елса се пофали дека таа ќе го носи за својот роденден. „Ова е најдобриот роденденски подарок“, напиша таа.
Текстот Над 2000 сваровски-кристали во најскапиот градник на „Викторијас сикрет“ е превземен од Reporter.mk.