Пејачката Нада Обриќ вчера била итно оперирана. Лекарите ѝ утврдиле дека таа по трет пат има заболено од рак. Нада пред два дена била примена во болница каде и било пренесено дека веднаш мора да и биде отстранат туморот.
„Нада веќе подолг период се чувствува уморно и исцпрено со оглед на тоа дека веќе двапати е оперирана од рак на матката. Ова што сега ја снајде потсетува на истите симптоми од претходно. Веднаш ѝ беа направени контролни тестови, а резултатите не беа сјајни. Но, Нада не е жена која се предава лесно. Таа добро ги поднесе одговорите на лекарите. Нада е полна со верба, позитивна енергија ѝ е голем оптимист. Вчера беше оперирана и сега ги чекаме резултатите“, вели извор близок до пејачката.
„Точно е дека ова е трет пат како преживувам вакво нешто. Но, јас ќе продолжам да размислувам позитивно. Прежиеав многу, па ќе го прежиеам и ова, а потоа ќе одам на кафе и ќе уживам во животот“, изјавила Нада.
Пејачката во 1999 година открила дека има карцином на грлото на матката, а четири години подоцна и карцином на кожата.
Текстот Нада Обриќ итно оперирана е превземен од Reporter.mk.