Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и директор на „Амазон“, ќе донира 2 милијарди долари за сиромашното население. Тој ќе ги донира парите во фондот Bezos Day One, кој ќе помага да се отворат градинки во сиромашни квартови и ќе дава пари на непрофитни организации што ќе им помагаат на бездомни семејства.
Портпаролката на „Амазон“ на новинарите им соопштила дека парите ќе доаѓаат дирекно од приватниот фонд на Безос. Не е првпат тој да помага на најзагрозените. Безос финансиски поддржува центар за истражување на рак и дава стипендии за мигранти. Овојпат, дел од парите се наменети за организации и групи што даваат засолниште и храна на бездомни семејства, а вториот дел од фондот ќе биде наменет за бесплатни градинки во делови на градот со ниски примања.
Богатството на Безос се проценува на 160 милијарди долари.
Текстот Најбогатиот човек во светот ќе донира 2 милијарди долари за сиромашните е превземен од Reporter.mk.