Најголемиот ризик за животот на Дарко Лазиќ е тромбозата

Дарко Лазиќ и понатаму е во тешка состојба по незгодата што ја доживеа во вторникот утрото. Лекарите со крајни напори се обидуваат да ја добијат најтешката животна битка што ја води пејачот.

Лекарскиот тим сепак влеа надеж кај најблиските со изјавата дека неговата состојба се подобрува, но тој и понатаму е во кома. Лазиќ веќе неколку дена по извршената операција се наоѓа на интензивна нега.

Лекарите изјавиле дека има скршена бутна коска, карлица, девет ребра, а прободено му е и белодробното крило. Бубрезите исто така слабо работат. Засега неговата состојба е под контрола и е стабилна.

Сепак, постои ризик од згрутчување на крвта, што би претставувало пречка за циркулација низ целото тело.

„Дарко лавовски се бори за живот. Сè зависи од неговиот организам. Лекарите даваат сè од себе. Состојбата и понатаму е алармантна затоа што секоја операција носи ризик од компликации. Во моментов во случајот со Дарко тоа е тромбоза. И кога интервенцијата ќе мине успешно, во периодот по операцијата може да дојде до крвавење или инфекција што не може да се лечи и понекогаш завршува фатално за пациентот. Се надеваме дека тоа нема да биде случај со пејачот, но поради мерка на претпазливост, се анализираат сите можности“, вели еден од лекарите.

 

 

Текстот Најголемиот ризик за животот на Дарко Лазиќ е тромбозата е превземен од Reporter.mk.