Италијанската филмска ѕвезда Mоника Белучи отсекогаш привлекувала со убавината и сексапилот. Таа вели дека физичката убавина еден ден ќе згасне, па кога ќе биде баба, наместо да се гледа во огледало, ќе гледа во своите деца, исто како што правела нејзината мајка. Ова се некои од најубавите цитати на Белучи за убавината и животот.
- Убавината на жената е проблем само во два случаја: кога ја нема и кога не постои ништо друго освен убавина.
- Нам не ни припаѓа ништо: ни мажите, ни децата. Ние можеме само да ги поделиме чувствата, емоциите со луѓето кои ги сакаме.
- Жената може да сака со таква моќ што никој никогаш нема да посака да си замине. Но, може да дојде и оној ден кога ќе си замине тука-така, како никогаш да не сакала.
- Луѓето можат да ви простат интелигенција и талент, но убавина и успех – никогаш!
- Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот одраз во огледалото веќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себеси во огледало – ќе си ги гледам децата.
- Јас секогаш на младите девојки им велам: „Научете да го сакате своето тело“. Совршнество не постои и сосема е очигледно дека жена со облини не е помалку убава од витките девојки. Едноставно, треба да се научите да се прифатите себе, онакви какви што сте.
- Да бидеш убав на 20 години е сосема природно. Кога сте убави на 35 или 45, тоа е резултат на работа на себе и внатрешна среќа.
- Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие само признаваат дека сте подобри од нив.
Текстот Најубавите цитати на Моника Белучи за љубовта и животот е превземен од Reporter.mk.