Во јавноста стануваат се поголеми гласините дека светската модна икона Наоми Кембел е во врска со пејачот Лиам Паине. Двајцата биле уловени како разменуваат пораки на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Гласините станаа се посилни кога двајцата биле забележани заедно на Денот на заљубените. Сепак манекенката и пејачот ниту ги потврдија ниту ги негираа ваквите гласини.
Наоми неодамна во едно од своите гостувања во емисија, одби да ги коментира ваквите шпекулации, правдајќи се дека не сака да зборува за својот приватен живот.
„Никогаш не зборувам за мојот љубовен живот. Никогаш не го правам тоа“, изјавила Наоми во емисијата.
На прашањето на водителот дали ќе сака да открие дали можеби е во врска со Дрејк, таа повторно не сакаше да ја удостои публиката со одговор.
„Глупаво ми е да зборувам за мојот приватен живот. Еден ден зборуваат дека сум во врска со една личност, друг ден со друга. Мислам, кој ќе биде утре? Секогаш се смеам кога ќе прочитам такво нешто. Приказните се неверојатни. Смешни. Потоа само продолжувам со животот“, изјавила Наоми.
Текстот Наоми Кембел е во врска со британски пејач е превземен од Reporter.mk.