Светскиот модел Наоми Кембел е во врска со музичарот Лијам Пејн, пишуваат светските медиуми. Двојката била снимена заедно за време на нивната посета во Африка. Двајцата биле видени на вечера во Гана, а за британски „Сан“, нивни пријатели велат дека нивната врска цветала.
„Лијам веќе некое време се гледа со Наоми. Тој мисли дека таа е неверојатна и убава. Не може да поверува колку е среќен. Очигледно сака убави постари жени. Одлично се согласуваат и си се допаѓаат еден на друг. Лијам изјавил дека сексот им бил неверојатен“, вели извор близок до двојката.
Според зборовите на изворот, наводно четириесетгодишната Наоми го запознала својот нов партнер со модните креатори за да му помогне во светот на манекенството, нешто со што Лијам има намера да се занимава во иднина.
Поранешниот член на тинејџ-групата One Direction и топ-моделот се два месеца во тајна врска, а трачевите дека се сакаат почнале по нивното меѓусебно коментирање на социјалните мрежи. Поп-музичарот и пред некое време коментирал на фотографиите на Наоми на „Инстаграм„. Тој напишал дека таа е совршена жена и има убави очи.
Пејн пред неколку месеци бил во врска со британската пејачка Шерил Кол, која од него е постара 11 години. Заедно биле повеќе од две години, а медиумите пишувале дека Лијам добил и син со убавата колешка.
Наоми имала голем број врски со познати лица, а со неа бил и раперот Скепт, за кого летово се шпекулурало дека ѝ направил бебе. Скепт и Наоми се фотографирале за насловната страница на еден магазин. Наоми пред неколку години била и во романса со рускиот богаташ Владимир Дорониј.
И двајцата биле во љубовна врска пет години, а во време на нивната романса Владимир бил оженет, нешто за што подоцна Наоми изјавила дека не ѝ претставувало проблем. Во биографијата на Мајк Тајсон споменато е името на моделот, за кој боксерот напишал дека е една од 1 000 жени со кои спиел. Наводно имале секс во хотел во Њујорк.
Текстот Наоми Кембел е во врска со Лијам Пејн, двојката е снимена во Африка е превземен од Reporter.mk.