Поранешниот светски топ-модел Наоми Кемпбел го откачи пејачот Лијам Пејн по четиримесечна врска. 48-годишната Наоми го оставила Пејн оти ѝ бил здодевен, пишува „Дејли мејл“.
„Ѝ стана здодевен и одлучи да стави крај на тоа пред работите да станат посериозни. Не жали за ништо“, рекол извор близок на Наоми.
Двојката не објави ниту една заедничка фотографија, но папараците неколку пати ги сликаа заедно, во Африка и во Хонг Конг.
Пред Наоми, 25-годишниот пејач на One Direction беше во врска со британската пејачка Шерил Кол (35). Со неа го има синот Беар.
Текстот Наоми Кемпбел го откачи 23 години помладиот дечко е превземен од Reporter.mk.