Утре се навршуваат 12 години од трагичната смрт на поп-ѕвездата Тоше Проески. Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, и овој октомври се присетува на кобниот ден, утрото кога загина Тоше кај Нова Градишка во Хрватска.
За српските медиуми таа раскажала дека ѝ денс во нејзиниот дом на ѕидовите се закачени нивните заеднички фотографии. По неговата смрт таа се повлече од јавноста. Љиљана вели дека месец октомври за неа е најтажен месец во годината.
“ Се чувствувам лошо. Јас сум болна и не сум добро. Веројатно тагата го направи своето, целиот овој месец не се чувствувам добро и не сум расположена. И така секоја година во овој период. Тажна сум, изјавила Петровиќ за сроските медиуми. Таа со Тоше почна работи во 2002 година.
„Знаете, работевме толку напорно што во тие пет години од нашата соработка бевме неразделни, делевме ден и ноќ и секој момент. Ги чувам сите подароци од него, тие ми се омилени. Нашите фотографии каде сме насмеани висат на ѕидот. Таму сме среќни и весели и тука и ги чувам безбедни. Го сакам неговиот часовник што тој ми го подари за роденден, последен пат. Засекогаш ќе го чувам“, вели Петеровиќ и додава : “Едноставно не сакам да прифатам дека го нема. Јас секогаш се чувствувам лошо во овој период затоа што ме потсетува дека навистина го нема. Не можам да објаснам“.
Текстот „Нашите фотографии на кој сме насмеани сè уште се на ѕидот“, Љиљана Петровиќ 12 години по смртта на Тоше е превземен од Reporter.mk.