Една од најпопуларните австралиски пејачки, Натали Имбрулија, откри дека ќе стане мајка. Таа на 44 години остана бремена преку ин витро процедура, со донатор на сперма. Ова е прво дете за пејачката.
„Благодарна сум што медицината денеска е толку напредна што им овозможува на жените да станат мајки, дури и ако не го нашле партнерот за тоа“, напиша таа на „Твитер“.
Имбрулија одамна изјави дека ако не успее да остане бремена по природен пат, тогаш ќе побара друга опција и дека е подготвена на предизвикот да биде самохрана мајка.
Освен што откри дека ќе има дете, пејачката што се прослави со песната Torn, додаде и дека снима нов албум, а дека тој ќе биде промовиран пред да се породи.
Текстот Натали Имбрулија бремена од донатор на сперма е превземен од Reporter.mk.