Натали Башоски е најголемата љубов на починатиот поп-пејач Влатко Илиевски. За неа тој напиша и песна, “Коса плава, луда глава“, и тоа беше една од оние девојки со кој тој јавно секаде се појавуваше и кажуваше дека е вљубен. Нивата љубов започна летото во 2014 година, кога освен што кажуваше колку е вљубен, постојано споделуваа зеднички фотографии, а имаа и заеднички профил на Фејсбук.
Натали денес живее во Америка, каде што студира филмска режија. Таа јавно ја раскажа нивата љубовна приказнам која морала да заврши.
„Наша заедничка песна беше „Your latest trick“ од бендот „Dire straits“, но, да, песната „Коса плава луда глава“ беше за мене, без сомнеж, и целосно тој во песната ја раскажа ситуацијата, посебно каде на крајот пее дека заминав и не се враќам„, раскажала таа за Фокус.
„ Ја заминав на студии во Њујорк. По потекло сум од Холандија, мајка ми е холанѓанка, а татко ми македонец, но живеев во Охрид кога се запознавме. Ние се запознавме на пролет, како што пее и во песната, а на крајот на август заминав на студии. Тешко му беше него, токму кога се вљубивме дознав дека ме примија на факултет во Њујорк. Но, иако му беше тешко, тој сепак ги поддржуваше во моите соништа да студирам во Америка„, ркал Натали. Кога заминала послабо комуницирале. “Кога се враќав од Америка, за време на одморите, бевме во контакт, имавме убава конекција, но знаевме дека немаме иднина„,додала Натали.
Таа додава дека времето поминато со Влатко секогаш ќе го памети како еден убав спомен. Знаела дека тој има проблеми, но сепак му се восхитувала за трудот кој го вложувал за се што сакал да направи, не само во музиката, туку воопшто. Вели дека тој умешно знаел да ги прекрие проблемите со кој се сочува. Вели дека кога ја слушнала веста за неговата смрт, не можела да поверува дека човекот со кого поминала прекрасни моменти повеќе го нема.
„Кога слушнав дека починал не ми се веруваше. Тоа, дека тој не постои повеќе, многу ме збуни. Се надевам дека е на некое подобро место, дека го најде својот мир„, вели Натали.
Текстот Натали, најголемата љубов на Влатко прозборе како завршила нивната љубов е превземен од Reporter.mk.